Алегри ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед и со себе ќе земе двајца играчи на Јуве

by
1 минути читање

„Тутоспорт“ тврди дека преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Масимо Алегри се во тек и големи се шансите тие да завршат позитивно.

Јунајтед има очаен старт на сезоната и прашање на време е кога Солшер ќе добие отказ. Раководството овој пат сака да донесе искусен стратег, а изборот паднал на Алегри.

Весникот додава дека Алегри во Јувентус би можеле да го следат и Емре Џан и Марио Манџукиќ.

По заминувањето на Лукаку, на Манчестер јунајтед му треба шпиц, тие и претходно се поврзуваа со Хрватот кој не е во плановите на Сари.

Се верува дека Манчестер јунајтед брза да ги заврши преговорите со Алегри бидејќи стравува дека може и Тотнем да се приклучи во трката по Италијанецот.

Раководството на Јунајтед ќе го остави Солшер да го води тимот и на дербито против Ливерпул, а потоа можно е да добие отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×