Италија е
препородена по доаѓањето на Роберто Манчини кој го презеде кормилото на таа
селекција во еден доста бурен и турбулентен период за „Аѕурите“, кои по
максималниот учинок од седум победи во квалификациите за Европското првенство
2020. година, уште сега обезбедија место на тоа првенство.
Според
известувањата во Италија, се вели дека очекувањата се „Аѕурите“ идната година
во март да одат на турнеја во Катар, каде ќе одиграат две пријателски
натпревари, а од истите би можеле да дојдат до заработка од околу 7 милиони
евра.
Весникот „Ла
Република“ пишува дека претставници на куќата на фудбалот од Италија идната
седмица ќе отпатуваат во Катар за да бидат договорени двете контролни средби во
март.
Доколку се
постигне договор за такво нешто, а извесно е дека ќе се случи тоа, касата на
куќата на фудбалот во Италија во значителна мера ќе се наполни, вклучувајќи 2
милиони евра за учество на натпреварите, како и 4,5 до 5 милиони евра од ТВ
правата.
Сепак, селекторот
на Италија, Роберто Манчини смета дека треба да се одбере посилен противник за
да се проверат силите на неговиот состав, а се споменуваше Хрватска како
најдобар избор.
Како и да е,
Италија ќе има на програмата уште две контролни средби по крајот на сезоната во
Серија А, односно пред самиот старт на Европското првенство идната година, кое
ќе биде отворено во Рим на 12. јуни.