Рашфорд го пофали капитенот на Бугарија: Таков гест не треба да остане незабележан

by
1 минути читање

Дел од бугарските навивачи го покажаа примитивизмот во себе, со мајмунски извици ги навредуваа црномурестите фудбалери во англиската репрезентација, а упатуваа и фашистички поздрави од трибините.

Мечот беше двапати прекинуван поради расистичките испади на Бугарите, а УЕФА треба драстично да ги казни со цел да послужат и како пример за неприфатливо однесување.

На полувремето кога останатите фудбалери заминаа во соблекувалната, бугарскиот капитен Ивелин Попов отиде кај проблематичните фанови и ги молеше да се однесуваат нормално бидејќи најголема штета од нив ќе има бугарскиот фудбал.

Не беше лесно да се игра, ова не смее да се случува во 2019 година. Горд сум што се издигнавме над ова и ги освоивме трите бода, но ова треба да се сопре еднаш засекогаш“, вели напаѓачот на Англија, Рашфорд.

„Ми беше кажано што направил капитенот на Бугарија на полувремето. Да застанете сам и да пробате да ги поравите работите ви е потребна храброст и ваквите гестови не треба да останат незабележани“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×