Неверојатниот Роналдо го даде 700. гол во кариерата!

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо стана само шестиот фудбалер во светот кој постигнал 700 голови во кариерата.

Големиот јубилеј се случи вечерва на натпреварот меѓу Украина и Португалија кој неговата репрезентација го загуби со 2-1.

Од тие 700 голови пет се во дресот на Спортинг, 118 за Манчестер јунајтед, 450 за Реал Мадрид, 32 за Јувентус и 95 за Португалија.

Има 54 хет-трика. Првиот гол го постигнал во октомври 2002 година на мечот меѓу Спортинг и Мориененсе, а најмногу голови и има дадено на Севиља, дури 27.

Најмногу голови има дадено Јозеф Бикан кој играл меѓу 1931 и 1950 година, официјално му се запишани 805 погодоци.

Втор е Ромарио со 772, трет Пеле со 767, следува Пушкаш со 746, а пред Роналдо е уште и Герт Милер со 735. 

До крајот на својата кариера се очекува Португалецот да престигне уште некој од тие што се пред него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×