Барди се враќа против Севилја

by
1 минути читање

Леванте во недела
гостува кај Севилја во рамките на деветтото коло од Примера, а локални медиуми
во Валенсија пишуваат дека рехабилитационата фаза за Енис Барди е во завршна
фаза, а истовремено од таму додаваат дека Македонецот ќе биде подготвен за да
се врати на терените уште во недела.

Медицинскиот тим
на Леванте веќе ја испразни собата со повредени фудбалери, постојат гаранции
дека Енис Барди и Серхио Постиго, кои го финализираат рехабилитациониот процес
по повредите со кои се здобија од претходно
пишуваат во Валенсија.

Леванте по осум
одиграни кола во Примера се наоѓа на самата средина од табелата со 11 освоени
бода досега, нашиот репрезентативец досега имаше четири настапи, но, не успеа
да ја затресе мрежата, барем не до досегашните натпревари во новата сезона.

Барди
отсуствуваше и во текот на интернационалната пауза, односно, не му беше на
располагање на селекторот на Македонија, Игор Ангеловски за дуелите со
Словенија, односно Полска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×