Белгија е првата
репрезентација која обезбеди пласман на ЕВРО, вечерва избраниците на Мартинез
немаа милост за противникот и девет пати ја тресеа мрежата на Сан Марино.
Гостите одолеваа
се до 28. минута, кога Лукаку го отвори резултатот и донесе водство за
„црвените ѓаволи“ од 1-0. До крајот на првиот дел, Сан Марино капитулираше уште
пет пати.
Шадли зголеми на
2-0, Броли си постигна автогол за Лукаку во 41. минута да го постигне својот
втор гол за 4-0. 120 секунди подоцна Aлдервирелд реализираше за 5-0 а во
судиското надополнување на првиот дел, Тилеманс погоди за 6-0.
Во вториот одново дел
долго се чекаше за нова радост, за во последните 10 минути да бидат постигнати
нови три погодока. Бентеке во 79.
минута донесе 7-0, тинејџерот Вершарен од пенал зголеми на 8-0 а точка на натпреварот
стави Кастањ во 90. минута.