Големите клубови
не се премногу заинтересирани за натпреварите од Лига Европа, барем не за оние
од групната фаза, и често на овие средби играат со комбинирани состави. Таква беше
ситуацијата на мечот помеѓу Арсенал и Стандард, Унаи Емери прилика им укажа на
неколку млади играчи, а е чини најдобро шансата ја искористи младиот Габриел
Мартинели.
18 годишниот
Бразилец беше првото засилување за „топчиите“ ова лето, ретко кој од навивачите
имаа слушнато за него, па не беа премногу возбудени. Но синоќа на социјалните
мрежи имаше многу пофални зборови откако тинејџерот
постигна два гола во краток временски период а забележа и асистенција.
Претходно тој доби минутажа и во Лига купот, каде исто така два пати стрелаше
против Нотингем Форест.
За медиумите
интересна е и една изјава на Габриел Мартинели, кој откри дека дури ЧЕТИРИ
пати бил на проба во Манчестер јунајтед, но луѓето од Олд Трафорд процениле
дека нема доволно квалитет за да добие договор.
„Помеѓу 2015 и
2017 година, бев четири пати да тренирам со Манчестер јунајтед. Ги видов сите
професионалци, со некои дури и се сликав. Разговарав со Пол Погба, кој ме праша
како сум, дали се е во ред и каде играм. Се сликавме заедно“ – откри Мартинели
во разговор со ЕСПН.
„Ѓаволите“ исто
така вчера играа во Лига Европа, Солшер им дадае прилика на неколку младинци,
но никој не се издвоии. Манчестер јунајтед одигра разочарувачки меч, и не упати
ниту еден удар во рамките на голот.
Избраниците на
Солшер се мачат и во Премиерлигата, голгетерите не се на потребното ниво, па се
говори дека во јануари ќе се направи обид за ангажман на Вилсон од Борнмут и
Манџукиќ од Јувентус.