167
Озил заработува 350.000 фунти неделно, но оваа сезона одигра само 142 минути во вкупно два натпревари.
Тој не беше во составот за ремито против Манчестер јунајтед, па се очекуваше дека ќе добие шанса против Клуб Бриж, но тоа не се случи.
„Секогаш гледам да играм со најдобрите играчи на секој меч, гледам кои се најдобрите во составот кои можат да ни помогнат да победиме. Кога гледате дека тој не е во составот, тоа е затоа што сметам дека некој друг фудбалер заслужил повеќе од него“, вели Емери.