„Топчиите“ ја
забележаа најубедливата победа вечерва во Лига Европа, пред своите фанови со
4-0 триумфираа во дуелот со Стандард. Емери шанса им даде на неколку младинци,
а напаѓачот Мартинели најдобро ја искористи приликата и постигна два гола.
Во листата на
стрелци се запиша и Вилок, а точка на натпреварот стави Себаљос во 57. минута
од мечот.
Севиља одигра
скромно против АПОЕЛ и славеше со минимални 1-0. Домаќините рано поведоа со
голот на Чичарито, но како одминуваше времето не беа расположени за
надигрување, а ниту пак гостите имаа желба, па финишот на мечот беше прилично
досаден.
Затоа возбудливо
беше на другите терени, Лацио направи пресврт против Рен и стигна до три бода.
Гостите поведоа на стартот од вториот дел, но Милинковиќ Савиќ најпрво изедначи
на 1-1 а потоа му асистираше на Имобиле за 2-1,
Спортинг на
нашиот Стефан Ристовски исто така со пресврт стигна до победа во дуелот со ЛАСК
Линц. Гостите на пауза заминаа со 0-1, но во продолжението од мечот, во период
од пет минути капитулираа два пати и загубија со 2-1.
На другите
натпревари кои се играа од 21 часот: Селтик – Клуж 2:0, Дуделанж – Карабх 1:4,
Гимараеш – Ајнтрахт Франкфурт 0:1, Краснодар – Хетафе 1:2, Лугано – Динамо Киев
0:0, Малме – Копенхаген 1:1, Розенборг – ПСВ 1:4, Трабзонспор – Базел 2:2.