Јунајтед немаше ни шут во голот на АЗ Алкмар, а Солшер е задоволен како одиграле

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед под водство на Оле Гунар Солшер соборува негативни рекорди.

Последен пат на гостински терен го победија ПСЖ во Лигата на шампионите, отогаш немаат славено надвор од својот дом.

За прв пат во својата историја во Лига Европа (вкупно 25 меча), Манчестер јунајтед не упати ниту еден шут во рамките од противничкиот гол.

Но и покрај мизерната статистика, Оле Гунар Солшер вели дека е задоволен од тоа како одиграл тимот.

„Ова е добар бод надвор од дома против тежок противник на тежок терен. Тие го победија Феенорд со 3-0 во минатото коло. Ние направивме неколку промени и многу сум задоволен од тоа како одигравме. Се разбира требаше да победиме, но не ни досудија чист пенал врз Маркус Рашфорд“, изјаво Солшер по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×