Бекот на Атлетико
Мадрид, во интервју за „БТ Спорт“ говореше за неговото досегашно искуство во
Шпанија по трансферот од Тотнем изминатиот летен преоден рок, и тоа за само 20
милиони евра, иако важеше за еден од најдобрите на својата позиција во
Премиерлигата.
„Бев возбуден
кога потпишав за Атлетико, секогаш сакав да играм во странство и да се обидам
на нешто различно во кариерата, а времето дојде за такво нешто. Ова беше
одлична шанса за мене да дојдам во Атлетико, еден неверојатен клуб, одлични
анвивачи, среќен сум што сум дел од оваа реалност“ вели Англичанецот кој притоа
упати и пофалби на сметка на неговиот тренер во редовите на „Јорганџиите“,
Диего Симеоне.
„Станува збор за
тренер од светска класа, сакав да учам од него, а воедно и да играм за него,
морам да се подобрам во играта во одбраната и не постои подобра особа од која
можам да научам“ додаде Трипие.
29 годишниот бек
потпиша договор со Атлетико Мадрид со важност до 2022. година, за прв пат го
напушти Островот во својата кариера, а досега забележа седум настапи за тимот
од шпанската престолнина, реализирајќи и две асистенции.