Сапуницата помеѓу Бејл и Реал Мадрид продолжува, Велшанецот задоцни на мечот со Бриж

by
1 минути читање

Герет Бејл не
беше во составот на Реал Мадрид за пресметката со Бриж на домашен терен во
рамките на второто коло од Лигата на шампионите, „Кралевите“ со крајни напори
се изборија за реми со резултат 2-2, а Белгијците испуштија речиси сигурна
победа откако имаа водство и од 0-2.

Иако не беше во
составот на Зинедин Зидан, Герет Бејл имаше обврска да биде на гледалиштето за
да го проследи мечот на „Сантијаго Бернабеу“, па така шпанските медиуми,
поточно „Депортес Кватро“ го уловиле Велшанецот како доцни на натпреварот.

Според тоа што го
пренесува медиумот, Бејл на арената пристигнал во 18,59 часот, иако натпреварот
според програмата стартуваше во 18,55 часот.

Клубот бара сите
фудбалери, дури и оние кои не се во составот, како што беше случајот со Бејл, да
бидат на стадионот пред да почне натпреварот
“ пишува „АС“ за обврските кои ги
има Велшанецот кон клубот.

Ова не е прв
ваков случај со Бејл во поглед на присуството на натпреварите, како за
потсетување, во јануари тој го напушти стадионот во 78. минута од мечот во
Примера против Реал Сосиедад, настан кој и тогаш беше на големо пренесуван од
шпанските медиуми.

Иако беше
подготвен за настап, Зидан се одлучи да го изостави Бејл од составот за
пресметката со Бриж, а на францускиот фудбалски стратег никако не му оди од
рака да го склопи мозаикот и да го врати тимот на старите победнички патеки,
дали е во прашање суета во случајот со Бејл, или е нешто сосема друго, останува
дилема која ја знае само Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×