Човекот што
одигра голема улога во продажбата, а воедно и трансферот на Калидули Кулибали
во Наполи во 2014. година, вели дека е срамота тоа што еден од најдобрите и
најбарани дефанзивци во светот денеска се уште не направил чекор понапред во
својата кариера, алудирајќи на тоа дека тој заслужува да игра во поголем клуб
од Наполи.
Дирк Деграен беше
спортски директор на Генк во периодот на продажбата на Кулибали од белгискиот
шампион во Наполи, а вечерва Кулибали ќе се соочи со својот поранешен клуб во
Лигата на шампионите.
„Договорот се
постигна со обешетување од 10 милиони евра со бонуси, тоа беше одличен договор
кој беше реализиран со Де Лаурентис (првиот човек на Наполи), тој заработуваше
1,500 евра од месец“ изјави Деграен.
„Ние се сретнавме
во текот на вчерашниот ден, минавме 45 минути заедно, мислам дека Кулибали е
еден од најдобрите дефанзивци во светот денеска“ додава тој.
„Срамота е тоа
што тој се уште не направил чекор понапред во својата кариера, односно не се
пресели во некој поголем европски клуб, сметам дека би било тешко и
комплицирано да се купи еден таков фудбалер од Де Лаурентис“ заклучи Деграен.