Донарума го одби новиот договор понуден од Милан

by
1 минути читање

Џанлуиџи Донарума
и неговиот агент Мино Рајола ја одбиле понудата која ја имале на маса од страна
на Милан за нов договор и продолжување на обостраната соработка.

Голманот на „Росонерите“
има важечки договор со тимот од Милано до 2021. година, меѓутоа во Милан имаат
нескриени амбиции да постигнат договор на подолг рок со голманот, меѓутоа
засега обидите на раководството на тој клуб се безуспешни.

Се верува дека
Милан му понудил продолжување на соработката со Донарума на дополнителни две
години, а воедно и поголема плата за голманот, поточно шест милиони евра по
сезона, меѓутоа понудата не била задоволителна за Донарума и неговиот агент.

20 годишниот
голман е големо име низ фудбалска Европа, котира на високо кај гигантите кои од
поодамна го посакуваат во своите екипи, тој беше близу до заминување од Милано
пред две години, Манчестер јунајтед, Арсенал, како и ПСЖ се само дел од
гигантите кои од поодамна имаат интерес за неговите услуги.

Неофицијалните
информации од изминатиот летен преоден рок говореа дека ПСЖ имале и испратено
понуда до Милан за Донарума во висина од 60 милиони евра, но истата била
одбиена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×