Наполи тргна со
победа од 2-0 над бранителот на европскиот трофеј Ливерпул на домашен терен, а
вечерва Италијанците имаат можност да дојдат и до втората победа во групата „Е“,
гостуваат кај белгиски Генк и се фаворити за трите бода.
Тоа што нам не
радува, е фактот што италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти се реши да
му укаже шанса на нашиот репрезентативец Елиф Елмас уште од првата минута за
пресметката во Белгија.
Веројатно е дека
ќе проследиме офанзивна игра во Белгија, обете екипи ќе играат во формациска
поставеност од 4-3-3, а Елмас во средниот ред на Наполи ќе игра во друштво на
Фабиан Руиз и Алан.

Еве ги и
почетните состави на втората пресметка во Прага, каде домаќинот Славија се
среќава со Борусија Дортмунд.
