Баерн Минхен си
поигра со Тотнем, и тоа на негов терен, совладувајќи го со неверојатни 2-7 во
второто коло од Лигата на шампионите, „Баварците“ веќе врзаа две победи во
воведниот дел од елитното европско клупско натпреварување, а заслугите одат и
на сметка на Нико Ковач, долго оспоруваниот хрватски стратег кој одлично ги
склопи коцките во тимот.
„Никој не можеше
ниту да сонува на вакво нешто, знаевме што не чека тука, ова беше доста
интензивен меч, Тотнем ни изврши голем притисок, имавме слабости во играта
поради нивниот агресивен пристап на теренот, меѓутоа, треба да издржите во
такви ситуации кога играте во Англија, тимот сработи одлична работа на теренот“
рече Ковач.
„Игравме според
планот, особено по паузата, ова е момент на славје за германскиот фудбал,
меѓутоа сега ќе мораме да се фокусираме на Бундеслигата, имаме големи амбиции
сезонава, сакаме да постигнеме многу од нашите замисли“ додаде Хрватот.
Баерн Минхен во
сабота ќе се соочи со Хофенхајм во рамките на Бундеслигата во сабота.