„Почнав да се гледам надвор од фудбалот, ми се допаѓа замислата“ – Кристијано Роналдо најавува пензија за година – две

by
1 минути читање

34 годишниот
Португалец, заедно со Лео Меси, доминира на фудбалските терени повеќе од една
деценија. ЦР7 се уште е во топ форма, и се чини дека ќе продолжи уште долго да
ги тресе противничките мрежи.

Во разговор со
Спортбајбл, Кристијано Роналдо вели дека останува заљубен во фудбалот, но
сугерира дека може да оди во пензија за година – две.

„Се уште сум
заљубен во фудбалот. Обожавам да ги забавувам фановите и луѓето кои го сакаат
Кристијано. Годините се само бројка, најважен е менталитетот. Но во последниве
пет години почнав да се гледам надвор од фудбалот, ми се допаѓа замислата, и
кој знае што може да се случи за година – две“
– вели Кристијано Роналдо, кој е
обврзан кон Јувентус до 2022.

Успехот на
терените, Кристијано Роналдо максимално го користи, започна голем број на
бизниси, а има и еден куп спонзорски договор. Тој е заштитно лице на Најк и се
верува дека ЦР7 е само третиот спортист, по Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, кој
има доживотен договор вреден една милјарда долари со познатата американска
копанија за спортска опрема.

„Не сакам да
копирам никого. Морате да бидете свој, но секако дека можете да земете некои
мали детали и да научите нешто од добрите примери, не само во фудбалот, туку и
од другите спортови како Формула 1, НБА, голф, УФЦ и сл. Најдобрите спортисти
имаат слична работна етика“.

Запрашан дали
може да стане успешен бизнисмен како што стана успешен фудбалер,, Португалецот
вели: „Се уште не сум надвор од фудбалот, но јас сум компетитивно момче, не
сакам да бидам број два или број три. Секогаш сакам да бидам број 1. Ќе го
сторам тоа, 100% сум сигурен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×