157
Утре Реал Мадрид со почеток од 18:55 часот го пречекув Клуб Бриж во Лигата на шампионите, изненадувачи во составот не се најдоа Герет Бејл и Хамес Родригез.
Во составот не се и Одриозола, Брахим, Мариано и Родриго кои минатиот викенд беа со Кастиља. Асенсио и Менди се во аут поради повреди.
Марсело и Иско кои се опоравуваа од повреди се враќаат во тимот и ќе бидат во комбинација за утрешниот меч.
Составот на Реал Мадрид за мечот со Клуб Бриж:
Голмани: Куртоа, Ареола и Алтуде
Одбрана: Карвахал, Милитао, Рамос, Варан, Начо и Марсело
Среден ред: Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде и Иско
Напад: Азар, Бензема, Лукас Васкез, Јовиќ и Винициус