Нова епизода од дербито на Мадрид, Симеоне со гест и порака до четвртиот судија: Немаш муда! (ФОТО)

by
1 минути читање

Кога немаше
довлно искри на теренот на дербито на Мадрид, Диего Симеоне се обиде да ја вжешти
атмосферата пред финишот на првиот дел.

Откако Серхио
Рамос му дофрли нешто на помошникот, популарниот Чоло збесна крај аут линијата
и бараше казна за капитенот на Реал. Тој му се обрати на линискиот судија: „Ти
рече „ку*вата што те родила!“ Како можеш да го дозволиш тоа?“.

Медиумите од
Шпанија сега пишуваат за нова епизода, камерите на ГОЛ го уловија стратегот
како прави еден гест и му порачува на четвриот судија: „Твоите муда се волку
мали, волку мали“.

Очигедно Диего
Симеоне сакаше сликовито да му долови на четвриот судија дека нема храброст да
санкционира големо име како Серхио Рамос, со оглед на тоа дека други играчи за
слични пцовки добивале и црвен картон и долги суспензии.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×