Бартомеу и Пике ќе ги „пеглаат“ недоразбирањата на состанок по коментарите на дефанзивецот

by
1 минути читање

Претседателот на
Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу оваа седмица ќе има средба со Жерард Пике, по
коментарите на дефанзивецот на Каталонците по еден текст во „Мундо Депортиво“
потпишан од Хавиер Бош, во кој се тврдеше дека ѕвездите на Барселона имаат
преголемо влијание во клубот.

Пике веднаш
реагираше на таа објава во весникот, упатувајќи јасно дознаење дека врвот од
хиерархиската структура во Барселона соработува со одредени новинари, а во
одредени ситуации се вперува прстот кон одредени фудбалери од таа екипа.

Ние го познаваме
добро клубот, како и луѓето што се во него, знаеме кој ги пишува тие стории во
Мундо Депортиво, дури и истите да не бидат потпишани, не сакаме да бидеме
бесни, сакаме да излеземе на теренот и да победиме, се надеваме дека никој нема
да почне војна која не постои тука, сакаме да го задржиме клубот во статус на
обединет, доколку не се случи тоа, ќе се повредиме самите себе си
“ рече тогаш
Пике.

Доста турбулентен
е периодов за Барса по лошиот старт во новата сезона од Примера, Каталонците во
седум меча забележаа четири победи, едно реми, но и два порази, тргнаа со реми
без голови кај Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на шампионите, а
иднината на Ернесто Валверде на клупата на каталонскиот гигант виси на конец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×