Според
информациите кои ги објави „Метро“, се вели дека Пол Погба и Маркус Рашфорд се
дел од составот на Манчестер јунајтед кој брои 19 фудбалери за вечерашното
дерби против Арсенал во Премиерлигата на домашен терен.
Погба се соочи со
трка со времето за да биде подготвен за дербито против „Топчиите“, а Рашфорд
веројатно е дека ќе почне од клупата за резерви откако претходните очекувања на
„Олд Трафорд“ беа да отсуствува до интернационалната пауза, мошне веројатно е
дека Оле Гунар Солшер вечерва ќе тргне со тинејџерот Мејсон Гринвуд во нападот,
каде отсуствува лажната деветка Ентони Марсијал, поради повреда.
Сепак, нова
главоболка за Солшер донесе Арон Ван-Бисака, десниот бек кој има неверојатна
статистика во дуелите еден на еден во Премиерлигата, па ако се земе во предвид
дека повреден е и Лук Шо, Солшер извесно е дека ќе почне со Ешли Јанг на
десната бековска позиција, односно Маркос Рохо на левата.
„Метро“ пишува
дека Ван-Бисака, кој летово на „Олд Трафорд“ пристигна за сума од 50 милиони
фунти, по трансферот од Кристал Палас, не бил забележан на списокот на Солшер
кој брои 19 фудбалери.