Спорот помеѓу
Кардиф и Нант околу трансферот на Емилијано Сала, кој загина во авионска
несреќа веднаш по договорената преселба на Островот, конечно е решен, и тоа со
финална одлука на ФИФА, меѓутоа останува отворено прашањето дали една од двете страни ќе тргне со нов спор, овој пат на спортскиот суд во Лозана.
Кардиф и Нант си
подадоа рака за трансферот на Аргентинецот со што тогашниот Премиерлигаш
требаше на францускиот тим да му исплати обештетување од 15 милиони фунти,
меѓутоа по трагичната несреќа од Кардиф веднаш го оспорија трансферот и одбиваа
да ја исплатат целата сума.
Од Светската
фудбалска организација пресекоа, па така со финалната одлука Кардиф ќе мора да
исплати на Нант обештетување во износ од 5,3 милиони.