Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема никакви сомнежи во
квалитетите со кои располага Белгиецот, ниту има дилеми во тоа дека тој ќе се
адаптира во новата средина по трансферот од Челси вреден 100 милиони евра ова
лето.
Азар се уште не
погоди за Реал Мадрид, а веројатно е дека тешко му оди во однос на адаптацијата
во шпанската престолнина, а за тоа добива максимална поддршка од Зидан кој
тврди дека не е лесно да се направи брза адаптација по трансфер во голем клуб
од нивото на Реал Мадрид.
„Истото ми се
случуваше и мене, но, тој е многу трпелив, ист бев и јас, знаев дека ќе дојде
време кога ќе се променат работите на подобро“ рече Зидан на денешната
пресконференција во пресрет на утрешниот меч против Бриж на „Сантијаго Бернабеу“
во второто коло од Лигата на шампионите.
„Кај мене беше
дури и полошо во периодот кога се преселив во Италија, потребни ми беа три
месеци за коцките полека но сигурно да се склопуваат онака како што посакував,
јас знам дека Азар ќе стане важен фудбалер во нашиот состав, нема да му упатам
совет за да му кажам каков треба да биде, воопшто не сум загрижен, треба да
бидеме трпеливи и смирени на оваа тема, тој ќе успее бидејќи станува збор за
фудбалер со голем квалитет во себе“ заклучи Французинот кој веќе игра со тројца
во нападот, а триото е составено од Бензема – Бејл – Азар.