Милан го контактира Шевченко, сака тој да биде замената за Џампаоло

by
0 минути читање

„Тутомеркатовеб“ пишува дека раководството на Милан стапило во контакт со нивната легенда Андриј Шевченко кој е селектор на Украина.

Почнати се преговори со Шевченко кој од 2016 е на кормилото на Украина и има договор со федерацијата до јули 2020 година.

Поранешниот напаѓач на Милан, во два наврати беше на Сан Сиро како играч, прво од 1999-2006, а потоа на позајмица од Челси во 2008-2009.

Според италијанските медиуми Џампаоло од Милан добил уште еден меч да ги сврти работите, но ако судиме според играта на дуелот со Фиорентина, тоа тешко дека ќе се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×