238
Џенова добро ја
започна сезоната, со реми на гостувањето кај Рома и победа против Фиорентина,
но на следните четири меча беше освоен само еден бод.
По денешниот
тежок пораз кај Лацио од 4-0, медиумите од Италија пишуваат дека сериозно се
тресе столчето на Аурелио Андреацоли.
Се шпекулира дека
прв фаворит е Џенаро Гатозу, и сопственикот на Џенова, Енрико Прециози веќе
остварил контакт со стратегот.
Доколку двете
страни се договорат во следните денови, Џенаро Гатузо ќе има жешко деби против
Милан, клубот во кој ја помина речиси цела кариера, и на чие кормило беше до
јуни месец.