Евертон пружи отпор но мораше да се предаде пред шампионот, Сити триумфално на Гудисон Парк (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул и
Манчестер Сити полека се одвојуваат на врвот на табелата. По триумфот на
„црвените“ кај Шефилд јунајтед во првиот меч денеска, вечерва „граѓаните“
славеа на Гудисон парк и се вратија на пет бода негатива.

Евертон пружи отпор но мораше да се предаде пред шампионот. Гостите поведоа во 24.
минута кога Де Брујне испрати извонреден центаршут а Жесус со глава погоди за
0-1.

Десет минути
подоцна, домаќините изедначија, Калверт Луин реализираше за 1-1 и најави
интересен меч.

Сепак, квалитетот
на Манчестер Сити дојде до израз во продолжението од мечот, најпрво Марез се
запиша во листата на стрелците за 1-2. во 71. минута за Стерлинг да ја осигура
победата во 84. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×