Интер го задржа
100% учинок, вечерва беше совладана и Сампдорија за шест од шест. Алексис
Санчез доби шаса од првата минута и Чилеанецот го постигна деби голот во дресот
на „нероаѕурите“.
Во 20. минута од
мечот, Сенси биеше од далечина, топката го погоди Алексис Санчез во грб, го
смени правецот и го измами голманот на Сампдорија за 0-1.
Овој гол
веројатно ќе му се препиша на Сенси, но Алексис Санчез се погрижи неговото
името да стои во листата на стрелци две минути подоцна. Напаѓачот избегна една
офсајд стапица и рутински реализираше за 0-2.
Алексис Санчез
сепак мораше пред време да го заврши натпреварот, и тоа веќе на стартот од
вториот дел. Интер го отвори продолжението од мечот со 100% шанса на Лаутаро
Мартинез, а во продлжението од акцијата, Чилеанецот се обиде да одглуми пенал и
доби втор жолт картон.
Јантко во 54.
минута најави интересен меч, но по еден час игра, Гаљардини искорсти една
несигурност на голманот на Сампдорија и погоди за 1-3.
Со оваа победа,
Интер само по втор пат во својата историја ја отвара новата сезона од Серија А
со шест од шест. Последен пат шест победи во низа на стартот имал во 1966/67.