Голманот на Шефилд му подари победа на Ливерпул, седум од седум за црвените (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул беше подобар противник, создаде неколку идеални шанси, во првото Мане беше тој што промашуваше, во второто Салах не реализираше очи во очи со голманот Хендерсон.

Хендерсон можеше да биде херој на Ливерпул, одбрани неколку фантастични топки, но на крајот тој беше трагичар.

Клучниот момент се случи во 70. минута кога Вајналдум шутираше, топката се одби од еден од играчите на Шефилд, одеше право во голманот, тој несмасно интервенираше и таа меѓу неговите нозе заврши во голот за победа на Ливерпул од 1-0.

По првите седум кола Ливерпул има максимални 21 бод. Нивниот најголем конкурент Манчестер Сити денеска му гостува на Евертон.

Втор пат во историјата Ливерпул има седум победи по ред, претходно тоа се случило во 1990-91 кога ги добиле првите осум натпревари. Тие се вториот тим откако е формарана Премиерлигата да победи на седум мечеви по рад, друг кој го направил тоа е Челси во 2005-2006.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×