Лидерот во
Премиерлигата во моментов, тимот на Ливерпул е доста познат по тоа дека паѓа на
притисокот, особено во поглед на битката за титулата во најсилниот фудбалски
шампионат на Островот, тоа се докажа и ланската сезона, а поранешниот напаѓач
на „Редсите“, Ел Хаџи Диуф потсети на тоа дека Ливерпул често се „сопнува“.
Ливерпул и
Манчестер Сити имаа голема битка се’ до крајот на последното коло лани во битката за титулата, па иако сезонава
тимот на Клоп тргна добро, Диуф смета дека ланската сезона ќе се повтори во
поглед на исходот.
„Не гледам дека
им оди според планот, како што тоа се случуваше ланската сезона“ вели Диуф кој
во дресот на Ливерпул постигна шест погодоци на 80 настапи за таа екипа во
периодот 2002-05 во интервју за магазинот „ФорФорТу“.
„Тие имаа шанса
да ја освојат титулата, ја имаа титулата во свои раце, а потоа се сопнаа.
Ливерпул имаше седум бода предност во периодот околу Божиќ, а за тоа како Сити
излезе со таков финиш на сезоната едноставно го победува мојот ум…“ додава
Сенегалецот.
Ливерпул, кој
ланската сезона го подигна шестиот трофеј во Лигата на шампионите во својата
историја, загуби само на еден меч лани во Премиерлигата, и тоа токму против
Манчестер Сити, а на Диуф не му е јасно како тимот на Јирген Клоп не ја
претворил доминацијата со трофеј во Премиерлигата.
„Доколку имате
само еден пораз во цела сезона, секако дека не можете да кажете дека не сте го
освоиле првенството“ додава Сенегалецот.
„Тешко е за мене
да замислам дека и оваа сезона ќе биде слична за нив, меѓутоа Сити ќе биде
тимот кој на крајот повторно ќе излезе како победник“ заклучи Диуф.
Во моментов Ливерпул е лидер на табелата во Премиерлигата по шест кола, со максимални шест победи, веднаш зад него е токму Манчестер Сити со три бода помалку.