Ериксен во јануари ќе потпише преддоговор со Реал Мадрид

by
1 минути читање

Плејмејкерот на
Тотнем, Кристијан Ериксен ќе потпише преддоговор со Реал Мадрид, според
пишувањата на „Дејли Мирор“, а Данецот веќе влезе во последната година од
својот актуелен договор со Премиерлигашот.

Ериксен идното
лето може да си замине од Лондон како слободен играч на трансфер пазарот, а
уште во јануари има можност да преговара со заинтересираните екипи, а „Дејли Мирор“
наведува дека тој идното лето ќе се пресели во шпанската престолнина без
никакво обештетување за Тотнем.

Се вели дека Реал
Мадрид имал нескриени намери да го ангажира Ериксен во ланскиот летен преоден
рок, меѓутоа неговата цена од близу 150 милиони евра го одвлекол интересот на „Кралевите“,
ова лето се шпекулира дека цената на Ериксен паднала под 70 милиони евра,
најмногу поради ситуацијата со неговиот договор, откако не се договори со
Тотнем за продолжување на соработката.

На Островот
пишуваат дека првиот човек на Тотнем, Даниел Леви дал зелено светло за продажба
на Ериксен ова лето, за да се извлече максимум од ситуацијата со Данецот, меѓутоа
не пристигнала понуда по нивен вкус.

„Диарио“ уште во
јуни пренесе дека постои
вербален
договор
помеѓу поранешниот
член на Ајакс со Реал Мадрид, а свежите информации во поглед на оваа тема,
велат дека се уште постои интерес и за Маурицио Покетино за клупата на „Кралевите“
каде со потешкотии во својата работа се соочува Зинедин Зидан по своето враќање
во клубот во март годинава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×