323
Играчот кој во Реал Сосиедад игра на позајмица од Реал Мадрид синоќа го сврте вниманието на себе со една прекрасна асистенција.
Откако на еден противнички играч му ја протна топката меѓу нозе, Одегард маестрално асистираше до Ојарзабал кој погоди за водство од 1-0 во мечот кој заврши со победа за Реал Сосиедад со 3-0.
Потегот на Одегард ги возбуди фановите на Реал Мадрид кои преку социјалните мрежи бараат тој да биде вратен во кралскиот клуб и да добие шанса.