Бекам ќе отвора фудбалска агенција, млад играч од Манчестер јунајтед ќе му биде еден од првите клиенти

by
1 минути читање

Бекам има нова компанија, „Футворк Менаџмент Лимитед“, неговиот близок пријател Дејв Гарднер и екс пр шефот Никола Хоусон се директори.

Бекам нема лиценца за агент, но Гарднер е на листата на Фудбалската Асоцијација на луѓе кои можат да се занимаваат со продажба на играчи, тој беше инволивиран и во потенцијалниот трансфер на Лерој Сане во Баерн Минхен минатото лето.

Се очекува Дејвид Бекам поради своето и контактите кои ги има да привлече сериозни фудбалери во својата агенција, но идејата им е да почнат со млади играчи.

Младиот играч на Манчестер јунајтед кој важи за голем талент, Мејсон Гринвуд треба да биде еден од првите клиенти на компанијата на Дејвид Бекам.

Англиската фудбалска легенда веќе неколку години е сопственик на клубот Мајами кој од следната сезона треба да почне да настапува во МЛС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×