Медиумите од
Шпанија уште пред неколку недели објавија дека Барса лесно ќе помине по
обвинувањата од Атлетико за неправилности при трансферот на Антоан Гризман.
„Колчонероси“
бараа да им се платат 200 милиони евра наместо 120 милиони бидејќи
„каталонците“ и Французинот се договориле уште во март. Неколку мејлови, во кои
има детали за платата на фудбалерот и провизијата која ќе биде поделена, служеа
како докази.
Сепак,
Фудбалската федерација на Шпанија ја казни Барселона само со смешни 300 евра.
Во соопштение од пет страни, судијата кој го доби случајот ја образложи целата
постапка и одлуката за паричната глоба.
Тој смета дека има
докази само за тоа дека Барселона остварила контакт со Антоан Гризман без
притоа да го извести Атлетико за својата намера и да побара дозвола, а не и за тоа дека
играчот потпишал за клубот од Камп Ноу додека имал валиден договор со Атлетико, што вушност е далеку посериозен
прекршок.
Според правилата,
казната е 300 евра, луѓето од ФФШ се свесни дек ова е симболична сума за клуб
како Барса кој предвидува рекорден буџет од над една милјарда евра за сезоната 2019/20, но се
правдаат дека рацете им се врзани.
Не е прифатено
ниту барањето Камп Ноу да биде затворен за гледачи на еден натпревар.