Поранешниот
италијански напаѓач, контроверзниот Антонио Касано гостувајќи во шоуто „Тики-Така“,
говореше околу статусот на ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, како и можноста
да остане во редовите на италијанскиот првак.
Вообичаено, како
што и секогаш тоа го прави, Касано говореше без влакна на јазикот во поглед на
иднината на 25 годишниот Аргентинец кој беше на излезна врата од Торино
изминатиот летен преоден рок.
„Се сеќавам како
луѓето зборуваа за него опишувајќи го како новиот Меси, слушав астрономски
суми, дека тој вредел 100 или 200 милиони, за мене, тој е одличен фудбалер, но,
доколку Јувентус одлучи да го задржи во сопствените редови, тогаш ризикува да
не освои ништо“ категорично посочи Касано.
Дибала од
поодамна се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, изминатото лето
таквите шпекулации беа на високо ниво пласирани низ јавноста, но, на крајот тој
остана во Торино, а не се исклучува да си замине од редовите на италијанскиот
првак во идниот, јануарски преоден рок.