Легендарниот
дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол вели дека ја одби можноста да стане
спортски директор на каталонскиот гигант, неговата изјава доаѓа по честите
шпекулации низ одредени медиуми на таа тема, за што тој сега самиот потврди.
Улогата на спортски
директор во Барселона остана испразнета по заминувањето на Пеп Сегура уште во
јули годинава, заедно со потпретседателот Жорди Местре, а претседателот на
клубот, Жозеп Мариа Бартомеу бараше решение за позицијата спортски директор, по
што одлуката падна на Пујол, но неговиот одговор е негативен.
„Во изминатите
неколку седмици, неколку стории низ медиумите беа пренесени околу можноста да
станам спортски директор на клубот. Се чувствувам одговорен за да појаснам на
целото семејство кое навива за овој клуб, дека по долго размислување, јас
одлучив да не ја прифатам таа понуда“ напиша 41 годишниот Пујол на социјалните
мрежи.
„Тоа не беше
воопшто лесна одлука, отсекогаш сум посочувал дека сакам да се вратам во клубот
каде го гледам мојот дом, но, поради одредени лични проекти во кои јас сум
инволвиран во овој момент, не сум во можност максимално да се посветам на таа
доста одговорна функција, би сакал да се заблагодарам на клубот за довербата во
мене“ додаде тој.