„Ѓаволите“ добро се
намачија во 3. коло од Лига купот и дури на пенали го совладаа третолигашот
Рочдејл.
Ноќта на Олд
Трафорд помина во знакот на двајца тинејџери, 17 годишниот Мејсон Гринвуд го
донесе Манчестер јунајтед во водство во 68. минута, а 16 годишниот Лук Матесон
погоди за 1-1 во 76. минута од мечот.
Напаѓачот на
„ѓаволите“ веќе се има запишано во листата на стрелци, но за дефанзивецот на
Рочдејл ова беше прв гол. Лук Матесон го оствари сонот на многу фудбалери, да
се постигне гол против големиот Манчестер јунајтед и тоа на Олд Трафорд, но тој
нема многу време за радост бидејќи веќе денес треба да оди на училиште и да
полага тест по психологија.
„Ја удрив топката
и го погодив врвот од мрежата, потоа емоциите комплетно ме понесоа. Веднаш се
упатив кон нашите фанови и се фрлив на колена, мислев дека нема да престанам да
се лизгам по тревата. Чувството беше неверојатно, не можам да го опишам со
зборови. Ова беше специјален момент“ – рече Лук Матесон по крајот на
натпреварот.
„Денес требаше да
бидем на училиште, но ќе одам утре за да надополнам за изгубеното. Имам тест по
психологија, со нетрпение го чекам и покрај тоа што не верувам дека вечерва ќе
спијам“.
„Добивам голема
поддршка од Рочдејл и училиштетот. Обожавам да учам. Фудбалот не е гаранција.
Никогаш не знаете што ќе се случи. Можете да станете најдобриот фудбалер во
светот, но и да не успеете. Па сакам да имам и план Б во случај да не успеам во
фудбалот“.
Тинејџерот потоа
го посвети голот на неговата мајка, која за прв пат по пет години го гледа од
трибините.
„Ова беше прв
натпревар на мајка ми по пет години бидејќи беше болна. Па голот и го посветувам
на неа. Таа вечерва беше на трибините и ме гледаше“.