Скандал на „Д Бест“, дел од гласовите за Меси се фалсификат!

by
1 минути читање

Меси со 46 ранкинг поени ја освои наградата за најдобриот фудбалер во 2019, втор беше Ван Дајк со 38, а Роналдо имаше 36.

Иако веројатно ништо немало да биде променето, дамка на манифестацијата фрла скандалот со гласањето за кого сите пишуваат.

Капитенот на Никарагва, Хуан Барера и селекторот на Судан, Здравко Лугарошиќ се јавија велејќи дека нивното гласање не е исто со листата на гласови која ја објави ФИФА.

Барера се јави со твит дека не гласал и неговото гласање за ФИФА „Д Бест“ е фалсификат.

Тој се пожали дека не ги примил листите од ФИФА на кои требало да гласа и затоа не можел да го даде својот глас, но и покрај тоа било напишано дека гласал за Меси.

Селекторот на Судан, Здравко Лугарошиќ објави слика на која се гледа дека гласал за Мохамед Салах, Садио Мане и Килијан Мбапе.

Но на ФИФА листата со гласови стои дека тој гласал за Лионел Меси, Вирџил ван Дајк и Садио Мане.

Сличен проблем имаше и Горан Пандев во изборот за најдобрите за 2012, тогаш македонскиот капитен во изборот за најдобар тренер гласаше за Жозе Мурињо, но гласот не беше впишан на контото на Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×