Проблеми за Солшер, Рашфорд отпадна за дербито со Арсенал

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека напаѓачот на Манчестер
јунајтед, Маркус Рашфорд отпаднал од комбинација за настап во дерби пресметката
со Арсенал во претстојново коло во Премиерлигата овој викенд.

Рашфорд се здоби
со повреда и предвреме го напушти теренот во последниот дуел на Манчестер
јунајтед, односно поразот на гости кај Вест Хем, а ова се дополнителни проблеми
за Оле Гунар Солшер, особено во офанзивниот ред.

Освен Рашфорд, од
поодамна отсуствува и Ентони Марсијал кој игра како „лажна деветка“ во тимот од
„Олд Трафорд“, а постои надеж кај Солшер дека Рашфорд ќе се врати во пресрет на
интернационалната пауза во октомври.

Тој се
рехабилитира, неговата состојба не е многу лоша, па така се надеваме дека ќе се
врати пред интернационалната пауза
“ изјави Солшер по тешката победа над
третолигашот Рочдејл во рамките на Карабао купот синоќа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×