Интер по три години го совлада Лацио дома за пет од пет, Каљари во финишот го казни Наполи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер прокнижи
нови три бода, вечерва на „Џузепе Маеаца“ беше совладан Лацио со 1-0. По речиси
три години, „нероаѕурите“ слават против „бјанкочелестите“ на домашен терен.

Стрелец на
единствениот гол на мечот беше Д’Амброзио, кој одлично се снајде по еден центар
шут и со глава погоди во 23. минута. Лацио имаше неколку добри шанси да
изедначи, но Хандановиќ беше извонреден на голот и се погрижи мрежата да не
биде затресена.


Каљари го
изненади Наполи и славеше на Сан Паоло со 0-1. Домаќините имаа еден куп шанси,
а откако не ги искористија приликие, Кастро во 87. минута го шокираше
фаворитот. Нашиот Елиф Елмас не доби шанса и од клупата го преследи мечот.

Фиорентина
конечно ја забележа првата победа оваа сезона откако со 2-1 ја совлада
Сампдорија. Парма со 1-0 го совлада Сасуоло, Лече со 1-3 триумфираше на
гостувањето кај СПАЛ а на мечот помеѓу Џенова и Болоња немаше голови.

Претходно, во 19
часот, Аталанта со 0-2 го доби гостувањето во Рим кај Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×