Пред три месеци,
поранешниот фудбалер на Севиља, Арсенал, Реал и Атлетико го загуби животот кога
на враќање од тренинг излета од патот а неговиот автомобил се преврте и запали.
Во сообраќајната несреќа почина и братучед на фудбалерот, а уште едно лице се
здоби со тешки изгореници.
Во прв момент
извештаите велеа дека автомобилот се движел со голема брзина, односно околу 237
км/ч, и се веруваше дека ова е причината за сударот. Но и по три месеци, се
уште не е утврдено што точно се случувало на кобниот ден.
Во емисијата
Еспехо Публико на Антена 3 беше направена реконструкција, свое мислење даде и форензирачот
Миријам Моја, и новите докази велат дека Антонио Рејес возел со дозволена
брзина односно помеѓу 111 и 128 км/ч (со 10% маргина на грешка).
Мирајам Моја
објаснува дека ниту еден од радарите на автопатот не го „уловил“ автомобилот на
Хосе Антонио Рејес дека вози побрзо од дозволенето, а доколку тој навистина
возел со 237 км/ч, автомобилот ќе завршел многу подалеку крај патот.
Процена на
експертот е дека се случило нешто со задното десно тркало, Антонио Рејес поради
тоа изгубил контрола. Заклучек е дека фудбалерот бил прилично искусен возач и
сторил се што може, но сударот бил неизбежен.
El futbolista José Antonio Reyes no circulaba a 237 km/h: “El accidente fue inevitable” https://t.co/hFnUXqgWXT pic.twitter.com/g8NCrGvd9Q
— Espejo Público (@EspejoPublico) September 24, 2019