Според пишувањата
на „Мирор“, се вели дека Вирџил ван Дајк е пред потпис на нов договор
со Ливерпул кој кој холандскиот дефанзивец би се обврзал на верност со клубот
до 2025. година.
28 годишниот Ван
Дајк на „Енфилд Роуд“ пристигна од редовите на Саутемптон ланскиот јануари, и
тоа за дотогаш рекордна сума за еден дефанзивец во вредност од 75 милиони
фунти.
Актуелниот
важечки договор на Ван Дајк со Ливерпул има важност до 2023. година, а доколку
се остварат најавите на Островот, Холанѓанецот на подолг рок би го решил својот
статус во клубот.
„Мирор“ известува
дека Ван Дајк веќе се согласил на личните услови кои му биле понудени во
преговорите, па така тој би заработувал близу 200,000 фунти на неделна основа,
тоа е значително зголемување на неговата плата која во моментов изнесува
125,000 фунти.
Ова доаѓа само
еден месец откако Ван Дајк ја загуби титулата најскап дефанзивец по трансферот
на Хари Мегваер од Лестер во Манчестер јунајтед за цели 80 милиони фунти.