Англискиот првак
Манчестер Сити ќе се обидат со нова понуда да го ангажираат Милан Шкринијар од
Интер, тоа тимот на Гвардиола ќе се обиде да го стори уште во идниот јануарски
преоден рок, пренесе „Експрес“ денеска.
Не е прв пат
Манчестер Сити да се поврзува со словачкиот дефанзивец, меѓутоа претходните
обиди на „Граѓаните“ беа неуспешни, а дополнителна мотивација сега сигурно
имаат по проблемите во дефанзивната линија.
24 годишниот
Шкринијар во 2017. година потпиша за Интер откако направи трансфер од
Сампдорија за сума од 34 милиони евра, меѓутоа неговата цена рапидно порасна на
близу 60 милиони евра.
Во Манчестер Сити
постои криза во дефанзивната линија проследена со повреди на клучни фудбалери
во тој дел од играта, како за пример, клучниот играч во тој дел, Ејмерик Лапорт
се здоби со повреда која ќе го оддалечи од терените неколку месеци.