Барселона му го понудиле Кутињо на Манчестер Сити, Гвардиола одбил

by
1 минути читање

Во Барселона беа
одлучни да се ослободат од услугите на Филипе Кутињо, барем за одреден период,
а Каталонците успеаа во таа намера откако Бразилецот се пресели во редовите на
Баерн Минхен каде ќе настапува како позајмен со опција за целосен откуп на
неговиот договор.

Веројатно е дека
постоеше некаква конфузија на релација Кутињо – Барселона, особено кога се
поставуваше прашањето околу иднината на Бразилецот на „Камп Ноу“, за тоа
сведочи и разочарувањето кај агентот на фудбалерот, Киа Јорабчијан, за што се
шпекулира дека едно им било говорено во лице, а Барселона на поинаков начин
имала комуникација со заинтересираните екипи за Кутињо.

„Марка“ денеска
објави дека Барселона го понудила Кутињо на Манчестер Сити, воедно шпанскиот
весник на некој начин ги потврди претходните шпекулации од други медиуми на таа
тема, меѓутоа шефот на стручниот штаб на англискиот првак, Пеп Гвардиола ја
одбил таа можност.

Веројатно е дека
Гвардиола има почит кон квалитетите со кои располага Кутињо, меѓутоа се
наведува дека тој силно верува дека на неговиот состав не му е потребен
фудбалер од таков профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×