Ворнок покажа колку не знае фудбал, рече дека дел од фудбалерите на Црвена звезда се водоинсталатери (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По вчерашната ждрепка во студиото на „Скај Спортс“ беа анализирани групите каде што играат англиските тимови. Црвена звезда се падна со Тотнем, а покрај нив во групата Б се и Баерн Минхен и Олимпијакос.

„Тоа ќе биде тешко гостување, „фудбалерите се полуаматери, а порано беа европски шампиони, имаат некои други работи како водоинсталатери. Ги видовме лани кога играа со Ливерпул. Импресивно е да имате еден таков рекорд на домашен терен, тешко е да се игра таму“, изјави Ворнок.

Црвена звезда е далеку од аматерски клуб, лани го победи Ливерпул на свој терен со 2-0 и тоа Ворнок добро го знае.

Но Звезда не остана покуса на оваа негова изјава, преку твитер профилот му одговори на Ворнок.

„Ќе ни треба чирак ако бараш работа“, му напиша Звезда на Ворнок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×