Јувентус го чува дресот со бројот 9 за Икарди

by
1 минути читање

Дресот со бројот 7 на Кристијано Роналдо останува најпопуларен меѓу фановите на Јувентус, но менаџерите во клубот размислуваат и за една друга бројка.

Весникот близок до Јувентус, „Тутоспорт“ пишува дека клубот до крајот на преодниот рок ќе го чува дресот со број 9 надевајќи се дека него ќе го облече Икарди.

Ромелу Лукаку беше најблиску до деветката на Јуве, но одлучи да потпише за Интер.

Икарди сега се поврзува и со трансфер во Монако, но Јувентус се уште работи на негов ангажман и се надева дека на крајот ќе ја добие трката по напаѓачот.

Доколку тоа не се случи, се очекува Гонзало Игуаин привремениот негов број 21, да го замени со 9.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×