На Ајакс малку им е победата од 2-1: Требаше да победиме со 4-1!

by
1 минути читање

Дони ван де Бек кој го изедначи резултатот на 1-1, смета дека требале да победат со 4-1, а кога било 2-1 тој веќе почнал да мисли на полуфиналето.

„Бев сигурен дека не бев во офсајд за голот кој го дадов. Мислам дека Де Шиљо беше исто таму, па знаев дека не сум во офсајд“, вели Де Бек.

„Сите сме пресреќни, ова е лудо, Ајакс е во полуфиналето! Доколку на стартот од сезоната кажевме дека ќе стигнеме до полуфинале, луѓето ќе ни се смееа. Ова е фантастичен резултат за цела Холандија“.

„Никој од нас нема да ја заборави оваа ноќ никогаш. Да бидам искрен ние бевме подобар тим и во првото полувреме. Очигледно во второто бевме далеку подобри“.

„Мислам дека требаше да победиме со 4-1. Кога беше 2-1, јас веќе размислував за полуфиналето, се обидував да не добијам уште еден жолт картон“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×