Солскјер доби договор па почна да испишува негативна историја на Манчестер јунајтед!

by
1 минути читање

Солскјер имаше неверојатен старт на тренерската кариера во Манчестер јунајтед со кој ги освои навивачите но и сопствениците кои ги убеди дека треба да му дадат перманентен договор. Но откако се случи тоа, тимот забрзано се движи во надолна линија.

На последните седум натпревари во сите конкуренции Јунајтед има пет порази и само две победи. А Солскјер денеска сруши и еден негативен рекорд.

„Манчестер јунајтед за прв пат во својата историја е елиминиран од нокаут фаза во Европа со четири или повеќе голови разлика“.

„Опта“ извади и уште една негативна статистика за Оле које е во коинциденција со неговата играчка кариера.

„Манчестер јунајтед губи четири последователни гостински натпревари во сите конкуренции за прв пат по октомври 1999 година, сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер тогаш беше дел од сите тие четири порази како играч“.

Времето ќе покаже дали Оле Гунар Солскјер ќе го надмине овој период и ќе стане голем тренер или ќе биде само уште еден со стартен блесок кој потоа заминал во просекот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×