„Во прашање беа 48 часа“ – Роналдињо открива како му пропаднал трансферот во Манчестер јунајтед и зошто ја одбрал Барса

by
1 минути читање

За магазинот Фор Фор Ту, Роналдињо одговараше на прашања од фановите и проговори за случката од 2003, кога беше на чекор до преселба во Манчестер јунајтед но на крајот ја одбра Барселона за следна дестинација.

„За малку ќе потпишев за Манчестер јунајтед. Во прашање беа 48 часа. Но неколку месеци порано Сандро Росел (тогаш голем поддржувач на Лапорта за претседател на Барса) ми кажа дека сака да ме однесе на Камп Ноу доколку победи на изборите, и јас му кажав ДА. Со „ѓаволите“ ги договаравме деталите кога Росел ми се јави да ми каже дека победиле. Со оглед на тоа дека му дадов збор дека ќе играм во Барса, брзо падна дил“ – вели Бразилецот.

„На Англичаните им кажав дека ја одбрав Барса. Тоа беше прав избор. Бразилците секогаш успевале во Барса, имаме голема историја таму. Надвор од теренот, ниту едно друго место во Европа не е како Барселона, па секогаш сме среќни кога играме таму. Ми недостасува Барса многу. Имав пет фантастични сезони таму, во клуб кој сака напаѓачи и талентирани играчи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×