285
Оле Гунар Солскјер почнува без Лукаку, но ќе игра поофанзивно отколку на Олд Трафорд. Во стартниот тим има тројца напаѓачи, Лингард, Марсијал и Рашфорд, а позади нив ќе биде Погба.
МекТоминеј повторно е во стартниот тим по импресивното издание во првиот меч, а во средниот ред е и Фред. На позицијата десен бек е Фил Џонс, тоа е новина. Јанг остана во првиот тим и покрај очајната партија на Олд Трафорд, Смолинг и Линделоф се централни дефанзивци.
Валверде се одлучи да стартува со Кутињо како дел од триото покрај стандардните Меси и Суарез. Во средниот ред се Ракитиќ, Артур и Бускетс. На бековските позиции се Серхи Роберто и Алба, а во средината на дефанзивата Ленглет и Пике.
