Во сторијата се велеше дека за време на мечот, Леива вербално навредил инвалидизирано лице вработено во Милан кое седело во количка покрај теренот. Бразилецот демантира, иако се пишува дека неговото однесување било ставено и во официјалниот записник.
„Би сакал да дадам дознаење дека обвинувањата кои неодамна излегоа за мене во врска со натпреварот со Милан се потполно лажни и неточни“, изјави Леива.
„Ова е потполно лажен факт за мене, во мојата кариера никогаш не сум покажал непочитување кон никој. Тоа апсолутно не е дел од моето однесување, и пишувањата не навредуваат само трети лица, туку и лично мене како човек“.
„За време на фудбалски натпревар кога владее тензија, може да кажете многу работи, но секогаш сум ставал граница која никогаш не сум ја преминал“.
„Со оглед на тоа што моето образование е базирано на почит и здрав разум, никогаш не би толерирал такво однесување“.